Еден од нaјисчекуваните и најинтересните авиони нa светот, Beluga XL, на компанијата Airbus, започна со првите оперативни летови. Како што пишува CNN, операциите почнале на 9ти јануари 2020 година, со што Beluga XL станува еден од гигантите во воздухот, и тоа токму во времето на тивко заминување на славните Airbus A380 и Boeing 747.
Иако авионот не е наменет за обично комерцијално патување, тој ќе има значајна улога во транспортот на големи делови делови од авиони кои допрва ќе бидат градени и кои ќе имаат значајна улога во транспортот на патници во иднина. Главната улога на Belugа XL ќе биде транспорт на големи делови од комерцијалните авиони на Airbus, од местото на производство до локациите за монтажа во Тулуз, Хамбург или во Тјенцин во Кина. Beluga XL е направен во шест примероци и базиран е на Airbus A330. Наследник е на оригиналната Beluga која била во функција од 1995 година.