Насловна / Вести / Polestar покрена иницијатива за производство на климатски неутрални автомобили

Polestar покрена иницијатива за производство на климатски неутрални автомобили

Патот кон климатска неутралност ќе биде прилично долг и комплициран. Тој пат ја вклучува и електрификацијата на сообраќајот, односно замена на дизелите и бензинците со еколошки поприфатливите електрични автомобили. Но, тоа не значи дека возилата со електрични мотори не се загадувачи. Напротив. Имено, во текот на производството на овие автомобили се користат процеси кои емитуваат стакленички гасови, а за јаглеродниот отпечаток во значителна мера продонесуваат огромните батерии.

polestar1

polestar2

Една компанијата има амбиција ова да го промени. Тоа е компанијата Polestar (бренд во сопственост на Volvo и Geely Holdings), која најави покренување  инцицијатива со која ќе се смени начинот на кој се произведуваат автомобилите. Притоа, тие нагласуваат дека не станува збор за нивна „соло“ мисија, туку соработка со бројни партнери. Партнерствата со германската компанија ZF и шведскиот SSAB (со кој веќе работат на челик произведен без фосилни горива) веќе с епотпишани, а потпишале и писмо за намера со норвешката компанија  Norsk Hydro (производител на јаглеродно неутрален алуминиум), како и со производителот на електронски компоненти  ZKW Group. Polestar ги повикува и другите компании да се придружат на оваа иницијатива со цел заедно да го реализираат климатски неутралното производство на автомобили до 2030 година.

polestar3

Испрати коментар

Scroll To Top