Веројатно го познавате Polaroid по нивната линија на инстант камери, но брендот сака да ги размрда работите со влегување во музичкиот простор.
По повеќе од 80 години работа на пресекот на уметноста и науката, правејќи производи кои ја инспирираат и ја зајакнуваат креативноста, Polaroid ја внесува својата енергија и дух во музиката. Polaroid Music претставува четири Bluetooth® Polaroid музички плеери, експериментален сервис за откривање музика наречена Polaroid Radio и апликација Polaroid Music.
Bluetooth звучниците доаѓаат во четири големини: P1, P2, P3 и P4, во распон од мал пренослив звучник до поголем звучник во стил на кутија за моќен звук. Можат да се пофалат со одличен звук и доаѓаат во пет бои (сина, црвена, црна, сива и жолта) инспирирани од спектарот на бои на Polaroid.
Звучниците ги одликува ретро и футуристички дизајн со црвено копче за вклучување, кое се наоѓа на инстант камерите на брендот. Има и аналогно тркалце што може да се користи за прилагодување на јачината на звукот или менување на Polaroid радио станицата.
Polaroid Radio е срцето и душата на Polaroid плеерот и е достапно за секој љубител на музика на интернет или преку апликацијата Polaroid Music. Во светот на алгоритми, Polaroid го враќа радиото во рацете на вистинските луѓе: уметници, диџеи и кустоси кои ќе осмислат станици со нови песни, како и стари омилени. Пет станици слични на FM кои постојано се развиваат, погодни се за луѓето, бесплатни се и без реклами. Како пет звучни светови, без пауза, прескокнување или премотување наназад.
„Одличните музичари и фотографи го бележат она што не можеме секогаш да го искажеме со зборови. Ние сме нови во светот на музиката, но сакаме колку што можеме повеќе да внесеме што повеќе бои и емоции во просторот. Возбудени сме поради ова ново поглавје додека и понатаму сме посветено на инстант фотографијата“, вели Оскар Смолоковски, претседател на Polaroid.
Polaroid плеерите се достапни на Polaroid.com и во продавниците ширум светот.