На Алјаска, на островот Кодијак, на 26 декември 2021 година е измерена рекордно висока температура од дури 19,4 степени Целзиусови.
Просечната годишна температура на Алјаска се зголемила за 4,8 степени во последните 50 години, а еден од највидливите знаци на глобалното затоплување е масовноиот егзодус на поларните мечки.
Животните се принудени да мигрираат од Америка во Русија поради климатските промени.
Температурата од 19,4 степени Целзиусови измерена пред една недела е досега највисоката температура измерена во декември на Алјаска.
Далеку на запад, на рускиот остров Врангел во соседното Чукотско море, кое е богато со храна за мечките, нивната популација значително пораснала.
Научниците изброиле рекордни 747 мечки во 2020 година.