Францускиот концептуален уметник Даниел Бурен, создаде светлосна инсталација на покривот на фондацијата „Луј Витон“ која изгледа како калеидоскоп.
Во прашање е архитектонско здание за кое е заслужен славниот архитектот Френк Гери, а неговата футуристичка структура била идеална подлога за создавање на светлосна инсталација на познатиот француски концептуален уметник Даниел Бурен.
Бурен се инспирирал од мазните кривини на џиновските едра, па ги прекрил со мозаик од обоено стакло формирани во блокови. Повеќе од три и пол илјади стаклени плочи во 13 бои ќе ги менуваат боите зависно од положбата на сонцето, што овој проект го прави посебно интересен.
Самиот Бурен го измислил овој единствен визуелен алат составен наизменично од бели и обоени пруги со одредена ширина, кои, заедно, се во состојба да создадат илузија на светло.
Неговите дела, најчесто, можат да се видат во музеите, галериите или на јавните простори во средиште на парковите . Претседателот на фондацијата „Луј Витон“ го пофали проектот и изјави дека уметникот создал амбициозно дело и на фасцинантен начин создал дијалог помеѓу зградата и својата уменичка игра.