Насловна / Вести / Покривите на сите деловни згради во Франција мора да имаат фотоволтаици или билки

Покривите на сите деловни згради во Франција мора да имаат фотоволтаици или билки

Ministre des Finances - Noisy-le-grand

Според неодамна усвоениот закон, покривите на новите деловни згради во сите француски градови мора делумно да бидат покриени со растенија или со фотоволтаици. Зелените покриви имаат ефект на изолатори, ја намалуваат количината на енергија потребна за греење во зима и ладење во лето. Тие ја задржуваат дождовницата и ја поттикнуваат биолошката разновидност.

pariz zelen pokriv
Застапниците во парламентот го одбиле првичното барање на активистите за заштита на животната средина кои барале покривите на сите новоизградени згради да бидат прекриени со зеленило, па уредбата сега се однесува само на деловните објекти. Со амандман, воведена е можност наместо билки, покривот да биде прекриен со фотоволтаици. Зелените покриви се многу популарни во Германија и Австралија. Во Торонто, Канада, постои сличен закон за зелените површини на покривите на станбените и индустриските згради усвоен во 2009 година.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top