„Возењето по единствениот автопат во Црна Гора е надреално искуство. Имаме пат покрај кој шета стадо овци“. Ова е впечатокот на новинарот нa BBC, од пробното возење по првата делница на автопатор Бар – Бољаре, од Смоковац до Матешево. Во опширниот текст, чија централна тема е кинескиот долг на европските држави, авторот постсетува дека за овој проект Црна Гора се задолжила речиси една милијарда евра.
„ Долго замислуваната идеја за брз пат, имала за цел зајакнување на трговијата во оваа балканска земја – поврзување со пристаништето Бар, до границата со Србија. Но, неколкуте студии за изводливост заклучиле дека тоа би било премногу сложено и прескапо“, пишува BBC. Потоа на сцена стапуваат кинеските државни кредитори.
„Шест години по почетокот на градежните работи, изградени се само 41 километар, со што ова е еден од најскапите автопатишта на светот“, се истакнува во текстот. Авторот ја опишува делницата како објект изграден од мостови и тунели „исклесани во природата“, но исто така додава дека целиот проект е оптоварен со обвинувања за корупција и дека доцни две години. Некои се прашуваат и дали воопшто некогаш ќе се заврши. Текстот потсетува и на спорните детали од договорот со кинеската EXIM банка, која обезбеди средства за изградбата. Се истакнува преголемата улога на официјален Пекинг во одлучувањето, вклучувајќи ја и заплената на државниот имот во случај Црна Гора да не биде во можност да го враќа кредитот, вклучувајќи го тука и пристаништето Бар.
Do potpisanata avtorka na tekstot :
Celiot tekst e preraskqzan raskaz na teks od BBC. Podobro da go ostaevte samo linkot od statijata kade se objaveni subjektivnite gluposti na britanski novinari na kogo vo britanija mu setaat akademici pokraj avtopatot a ne ovci…
Ovaka ste soucesnik vo sirenje na dezinformacii koj sto ocigledno nema kapacitet sa formira svoe mislenje tuku mora da preraskazuva… i izgledate kako taa ovcata pored avtopatot od vashata prikazna