Насловна / Вести / Покрај брегот на Португалија пронајдени остатоци од потонат брод стари 400 години

Покрај брегот на Португалија пронајдени остатоци од потонат брод стари 400 години

Покрај брегот на Португалија, на 3-ти септември, археолозите пронашле остатоци од потонат брод, стари 400 години, за кој се верува дека потонал откако се вратил од Индија полн со зачини. „Се работи за откритие на деценијата“ изјавил директорот на истражувачкиот проект, со напомена дека станува збор за десетгодишен археолошки проект. Во остатоците од бродот, 12 метри под површината на морето, пронајдени се зачини, девет бронзени топови со изгравиран португалски грб, кинеска керамика и школки кои се користени како пари за трговија со робови во колонијалните времиња.

Истражувачкиот тим верува дека бродот потонал во периодот од 1575 до 1625 година, кога португалската трговија со зачини со Индија била во зенитот.

rts22m0e

portugal2

portugal3

 

Испрати коментар

Scroll To Top