Во рамките на активностите на Комората на 2. ноември (сабота) 2024 година во Хотел Цар Самуил – Банско во Струмица, со почеток од 10:30 часот ќе се одржи Регионална средба на архитекти и инженери.
На собирот се поканети сите заинтересирани архитекти и инженери, активни членови на Комората од Југо-Источниот регион и пошироко. На настанот покрај формалните воведни обраќања на домаќините и поканетите гости, ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, ќе се одржи трибина на тема: Во пресрет на инженерските предизвици, преку надградба на Законската регулатива, во време на интензивна дигитална трансформација и ќе биде отворена дискусија за предизвиците во професијата на централно и регионално ниво.
Регионалната средба со колегите архитекти и инженери од Југо-Источниот регион се организира со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА
10.30 – 11.00 Регистрација на учесниците
11.00 – 11.20 Поздравни обраќања
- Кристинка Чулак, Претседател на КОАИ,
- Градоначалник на Струмица,
- претставник на Министерството за транспорт,
- претставник на Министерство за дигитална трансформација,
- претставник на ЗЕЛС
11.20 – 13.00 Трибина на тема: Справување со инженерските предизвици, преку надградба и усогласување на Законската регулатива, во време на дигитални трансформации
13.00 – 13.15 Кафе пауза
13.15 – 15.00 Ценовници за инженерски услуги и Тарифник за урбанистичко планирање
15.00 Коктел и неформално дружење
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ:
Дата и час: 2 ноември 2024 година, во 10.30 часот
Место на настанот: Хотел Цар Самуил – Банско во Струмица
Број на слободни места: 100
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА