Во рамките на активностите на Комората овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) на 21 февруари (петок) 2025 година во Сала за седници на Општина Кичево, со почеток од 11.00 часот ќе се одржи Регионална средба на архитекти и инженери од Западен регион.
На собирот се поканети сите заинтересирани архитекти и инженери, активни членови на Комората од Западниот Регион и пошироко. На настанот покрај формалните воведни обраќања на домаќините и поканетите гости, ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, ќе се одржи трибина на тема: Справување со инженерските предизвици, преку надградба и усогласување на Законската регулатива, во време на дигитална трансформација и ќе биде отворена дискусија за предизвиците во професијата на централно и регионално ниво.
Регионалната средба со колегите архитекти и инженери од Западниот Регион се организира со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА
10.30 – 11.00 Регистрација на учесниците
11.00 – 11.20 Поздравни обраќања (Кристинка Чулак, Претседател на КОАИ, Градоначалник на Општина Кичево, претставник на Министерството за транспорт и претставник на Министерство за дигитална трансформација)
11.20 – 12.30 Трибина на тема: Справување со инженерските предизвици, преку надградба и усогласување на Законската регулатива, во време на дигитални трансформации
12.30 – 13.00 Кафе пауза
13.00 – 14.30 Ценовници за инженерски услуги и Тарифник за урбанистичко планирање
14.30 – 16.00 Коктел и неформално дружење
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ:
Дата и час: 21 февруари 2025 година, во 11.00 часот
Место на настанот: Сала за седници на Општина Кичево
Број на слободни места: 80
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот >РЕГИСТРАЦИЈА