Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Smart Solutions – авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, придружите се на Autodesk предавање во живо – вториот настан од низата БИМ активности оваа година.
Предавач на овој настан ќе биде Илија Лошонц, БИМ и Проект менаџер во Cadonia Australia кој ќе одржи едно предавање кое што ќе биде поделено во два дела. Во ова предавање ќе се запознаете со тоа што е Point Cloud, на кој начин се добива, и како може да се искористи за да се направи 3Д модел за понатамошни потреби во АЕЦ индустријата.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 – регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:00 – Илија Лошонц (Cadonia Australia) |„Обработка на Point Cloud податоци и изработка на 3D модел со помош на Revit“ – прв дел
11:00-11:20 – кафе пауза
11:20-12:15 – Илија Лошонц (Cadonia Australia) |„Обработка на Point Cloud податоци и изработка на 3Д модел со помош на Revit“ – втор дел
12:15-12:30 – прашања и одговори
Предавач:
Илија Лошонц (Cadonia Australia)
БИМ и Проект менаџер во Cadonia Australia, со повеќе од 7 години работно искуство. Како БИМ менаџер учествува во организација и следење на процесот за изработка на БИМ модел во различни фази на проектот, како и имплементација на БИМ стратегии. Веќе 4 години е гостински предавач на Каледониан универзитетот во Глазгов, Шкотска, на предметите за дигитални вештини како што се Revit, AutoCAD, Civil3D и Infraworks.
Информации за настанот:
Дата и час: 19 април 2024 година (четврток), 09.30 часот
Локација: Сала на Комора ОАИ
Слободни места: 80
ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората > РЕГИСТРАЦИЈА