Насловна / Архитектура / Покана за предавање „БИМ тренд во 2024 – БИМ-базирани градежни дозволи“

Покана за предавање „БИМ тренд во 2024 – БИМ-базирани градежни дозволи“

Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Smart Solutions – авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, ќе се одржи Autodesk предавање во живо – првиот настан од низата БИМ активности оваа година.

Предавачи на овој настан ќе бидат Трајче Стојанов (ЗВЕИ) и Газменд Ајруловски (Intelligent Network Solutions) и ќе бидат одржани три предавања.

3

Агенда на настанот:

09:30-10:00 – регистрација и кафе за добредојде

10:00-10:05 – добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions

10:05-10:50 – Трајче Стојанов (ЗВЕИ) | „БИМ тренд во 2024 – БИМ-базирани градежни дозволи“

10:55-11:40 – Трајче Стојанов (ЗВЕИ) | „Презентација на CHEK проектот“

11:40-12:00 – кафе пауза

12:00-12:45 – Газменд Ајруловски (Intelligent Network Solutions) | „БИМ-базирани градежни дозволи и автоматска проверка на усогласеност на дизајн со правилата за градба”

12:45-13:00 – прашања и одговори

4

Предавачи:

Трајче Стојанов (ЗВЕИ) – БИМ Консултант и Архитект во ZWEI, Autodesk Certified Instructor во Семос Едукација и истражувач на полето на дигитални градежни дозволи.

Газменд Ајруловски (Intelligent Network Solutions) – Извршен директор и ко-основач на INS со повеќе од 20 години искуство во дизајнирање скалабилни веб-базирани решенија фокусирани на дигитализација на процеси базирани на Географски информациски системи (ГИС) и моделирање на информации за градење (BIM).

Информации за настанот:

Дата и час: 28 март 2024 година (четврток), 09.30 часот

Локација: Сала на Комора ОАИ

Слободни места: 80

ВАЖНО: Регистрацијата се врши на веб страната на Комората

5

Испрати коментар

Scroll To Top