Насловна / Архитектура / Покана за дебата: Трансформација – модернистичко архитектонско наследство

Покана за дебата: Трансформација – модернистичко архитектонско наследство

Објектите од постземјотресната обнова на Скопје после 1963 година, меѓу кои и извонредни примери кои претставуваат икони на тоа време, моментално се наоѓаат во различна состојба, поради недоволно и ненавремено тековно одржување и природните (атмосферски) влијанија. На кои начини поединци активно учествуваат во оживувањето на објектите од модерната архитектура преку свои иницијативи и активизам, и какво влијание имаат врз свеста на јавноста за значењето на оваа архитектура?

Ве покануваме на дебата на тема „ТРАНСФОРМАЦИЈА-модернистичко архитектонско наследство“ која ќе се оджи на 21. март (четврток) во 18:00 часот во АудиоКултура (ул. Хелсинки 13, Карпош-Скопје) во организација на BIG SEE – платформа за истражување на креативната индустрија во Југоисточна Европа.

Подетални информации може да најдете на сајтот на BIG SEE – https://bigsee.eu/big-see-debate-skopje-2024/

Ве молиме потврдете го вашето присуство со регистрација на линкот: https://bigsee.eu/big-see-debate-skopje-registration/

Ве очекуваме да се придружите во дискусијата и да го споделите своето мислење на оваа тема.

22

КУРАТОР И МОДЕРАТОР

  • Ана Бојаџиевска, BIG SEE координатор во Македонија, уредник и куратор, која го истражува креативниот потенцијал во Југоисточна Европа.

ГОВОРНИЦИ

  • Ана Ивановска Дескова, вонреден професор на Институтот за заштита на градителско наследство, историја на архитектурата и уметност на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
  • Ирина Тошева, модна дизајнерка која, од почетоците на својата работа во 2012 година, постојано ги предизвикува конвенционалните граници на модната индустрија.
  • Мила Гавриловска, студент по архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје, а воедно и фотограф.
  • Филип Јовановски, дипломирал на архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје во 2010 година, а магистрира на факултетот за ликовни уметности УКИМ-Скопје, во 2019 година со проектот „Кога зградите би зборувале”.

Испрати коментар

Scroll To Top