Насловна / Архитектура / Покана за бесплатен вебинар „Успешно воведување на BIM во мали компании“

Покана за бесплатен вебинар „Успешно воведување на BIM во мали компании“

Комората на овластени архитекти и овластени инженери ги поканува своите членови на бесплатен вебинар „Успешно воведување на BIM во мали компании“ на  03.10.2024 година.

Воведувањето на Building Information Modelling (BIM) во вашата компанија значи поместување на парадигмата на вашето работење во многу аспекти. Дури иако сегашното моделирање е многу слично на класичниот 2D начин на работа, објектно-базираниот начин на работа менува многу процеси и работни текови во секојдневното работење. Меѓутоа, исто така е придружен со значителни придобивки во ефикасноста, доста полесна соработка и координација помеѓу сите дисциплини, подобрено разбирање на проектите помеѓу сите инволвирани и зголемена отпорност на грешки.

Во оваа презентација, ќе ги разгледаме стратегиите и методите на имплементирање на BIM во мали и средни компании на фокусиран и ефикасен начин: на кои случаи на користење треба да се фокусирате, кои придобивки можете брзо да ги добиете? Кои стратегии се потребни за брзо и успешно воведување и собирање на ниско висечките плодови? Што значат нивоата на примена на BIM во овој контекст и кои од нив се применливи за вашата компанија? Кои предности ги имаат малите компании при воведувањето на BIM?

Предавач на овој вебинар ќе биде архитект Ларс Обервинтер, а со него ќе бидат и неговите колеги архитект Гоце Чавкоски и архитектката Марија Чавкоска.

ВАЖНА НАПОМЕНА: предавањето ќе биде одржано на англиски јазик

Информации за настанот:

Тема: „Успешно воведување на BIM во мали компании“

Датум и време на одржување: 03.10.2024 од 10:00 часот

Планирано времетраење: 2 часа

ВАЖНО: Доколку сте заинтересирани да го проследите вебинарот, ве молиме пополнете ја следната ФОРМА за пријава: РЕГИСТРАЦИЈА

Предавачи:

Ларс Обервинтер – Главен извршен директор во Пландата, Виена, Австрија (http://www.plandata.eu/). Консултантски, едукативни и развојни услуги за водечките компании на пазарот во областа на интердисциплинарна имплементација на БИМ и оптимизација на дигиталните процеси. Истражувачки асистент на Техничкиот универзитет во Виена. Истражување во областите на интердисциплинарно управување со БИМ податоци, CAD-автоматизација со помош на скрипти, оптимизација на интерфејсите и процесите. Предавања, публикации и написи во печатени медиуми во областите на делување. Наставна дејност на неколку јавни и приватни универзитети во Австрија.

Гоце Чавкоски – BOA Акаунт менаџер во Plandata. Сертифициран Revit и Autodesk инструктор. Основач на BIMsolutions.

Марија Чавкоска – Главен извршен директор на BIMsolutions. Дигитализација на општата болница во Виена и креирање на фамилии во Revit. Архитект на хотел Мериот и на неколку станбени згради во Скопје. Проектен надзор на административната зграда на Телеком во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top