Насловна / Вести / Појак бетон со помош на „програмирани“ цементни честички

Појак бетон со помош на „програмирани“ цементни честички

programiran-beton

Модерниот свет веќе одамна стана бетонска џунгла. Но, без оглед на фактот што бетонот се користи во градежништвото стотици години наназад, „рецептот“ за подготовка на бетон е постојано отворен за подобрување на неговите карактеристики. Истражувачите од Rice University, од Хјустон во Тексас, пронајдоа начин да ги „програмираат“ честичките цемент во одредени облици, со цел да се добие бетон кој е појак, помалку порозен и поеколошки. Оваа работа можеби навидум изгледа премногу револуционерна, но факт е дека во последниве години особините на бетонот забележаа прилично интригантен напредок. Создаден е бетон кој е огноотпорен, свитлив па дури и бетон кој самиот се регенерира.

campus

Со цел да ги подобрат своите истражувања, научниците од Rice University го проучувале процесот на кристализација на C-S-H на нано ниво, и тоа го искористиле за синтеза на цементни честички со специфичен облик. Аморфните облици кои овие честички обично ги формираат, научниот тим успеал точно да ги обликува во коцки, правоаголни призми и сл., кои се во состојба заедно да направат покомпактна и погуста смеса. „Го нарековме програмиран цемент“, вели Rouzbeh Shahsavari, раководителот на студијата. Покажавме како може да се контролира морфологијата и големината на основните компоненти во цементната структура, што претставува сериозен исчекор.

cementiranje-betoniranje

Производството на цемент е еден од најголемите виновници за емисијата на стакленички гасови, и токму затоа намалувањето на произведените количини е меѓу приоритетите. Овој пронајдок секако ќе придонесе за тоа, бидејќи ќе може да се употреби помала количина на бетон кој ќе има подобри својства.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top