Насловна / Вести / Поинсетија (Божиќна ѕвезда) – како да се негува за да цвета што подолго

Поинсетија (Божиќна ѕвезда) – како да се негува за да цвета што подолго

Поинсетијата, обично наречена Божиќна ѕвезда, е цвет што се појавува на празничните божиќни трпези.

Прекрасната црвена боја на листовите одлично се вклопува со новогодишните украси. Како да се одгледува Поинсетијата за да цвета што е можно подолго?

Поинсетијата доаѓа од Мексико и централноамериканскиот регион. Во природни услови расте и до три метри во височина, а најголемиот украс на Поенсетија се црвените лисја. Постојат различни варијации на бои, од крем, розова, жолта до најпопуларната – црвена.

На Божиќните ѕвезди им е потребна температура во опсег од 18 до 21 степени за правилен развој. Запомнете дека температурата никогаш не смее да падне под 12 степени, бидејќи ќе ги изгуби лисјата. Затоа треба да избегнувате да го купувате цветот на пазарите, каде што температурата, особено во зима, е многу пониска – таквите цвеќиња дома нема долго да траат. Обрнете внимание и на заштитата на цветот при транспорт – дури и краткотрајното ладење може да му наштети.

Листовите на Поинсетија се многу деликатни, затоа внимавајте да не ги оштетите. Најдобро е да ја ставите на светло место со добра сончева светлина и влага. Запомнете температурата, не смее да биде повисока од 21-22 степени, во спротивно листовите ќе пожолтат и ќе паднат. Наводнувањето е уште една важна работа – Божиќната ѕвезда сака влажна почва, па не дозволувајте да се исуши премногу. Најдобро е да се истури вода во тацната, па растението ќе „зема“ вода колку што му треба.

Внимание, Пинсетијата е отровно растение! Посебно внимание треба да се посвети на нејзиниот млечен сок, кој може да истече од растението по сечење, бидејќи може да им наштети на возрасните, децата и животните.

Ако сакате да го зачувате растението за следната зима, исечете ги изданките на неколку сантиметри по цветањето, а по некое време ќе се појават нови зелени листови. За време на интензивниот раст наводнувајте ги редовно. Во лето, најдобро е да ја ставите Поинсетијата во малку засенчен агол на балконот или градината и да продолжите со наводнување за да се обезбеди влажна почва. За тоа време листовите ќе бидат постојано зелени.

Кога во есен температурата надвор ќе падне, внесете го растението внатре. Потребни се помалку од 10 часа дневна светлина за Поинсетијата повторно да поцрвени. Мора да бидете внимателни, бидејќи дури и вештачката светлина во просторијата или улична светилка може да го наруши овој циклус. Ако сте трпеливи и упорни, Божиќната ѕвезда ќе биде црвена и долго ќе го краси вашиот дом.

Испрати коментар

Scroll To Top