Шпанското студио Zooco Estudio посветено работи на проекти кои се засноваат на интеграција помеѓу станбениот и работниот простор. Конкретната интервенција која е тема на понатамошниот текст се наоѓа во трговскиот комплекс Брукфилд Плејс, во њујоршкиот кварт на Менхетен центар, со поглед на Статуата на слободата. И е исклучок, доколку се земе во предвид фактот, што првите два претходници се реализирани во Калифорнија.
Просторната конфигурација на градинката Big and Tiny, е своевиден одговор на принципите на архитектонското биро, како одговор на новите модерни текови на егзистирање кој овозможуваат комбинирање на работата и семејниот живот, создавајќи синтеза помеѓу овие два света. Планот на овој агол на Менхетен го преуредува и адаптира овој локален комплекс така што тој е отворен и транспарентен од кој било агол од внатрешноста.
Zooco Estudio предлага програмска конфигурација која го прилагодува просторот на пет училници кои овозможуваат усогласеност со прописите и соодносот m²/ученик. Проектот е организиран во училници со неправилни полигонални форми, на еден кат. Неправилните полигони се создадени за да ја обликуваат трета димензија во форма на „куќи“, со закосени покриви што се архетип на „дома“ и „домашно“.
Останатите простори меѓу училниците и застаклената фасада служат како пристап до нив и до игралиштето на учениците, кое секогаш е ориентирано кон надворешноста. Стаклената лента служи за да се осигура протокот на природна светлина, надополнета со светлосни испусти во кровната партија што дополнително емитираат природна светлина.
Во овој обид, поради морфологијата на просториите, се определивме за јазик на неправилни многуаголници, еден вид Воронојска геометрија, со која со поместување и вртење на страните на овие полигони го постигнуваме m² што ги бараат наведените прописи. Преостанатиот простор помеѓу училниците и стаклената фасада ќе служи како пристап до нив и игралиште/игралиште за учениците.
Волуменот на градинката Big and Tiny е резултат на хетероген склоп формиран од „куќи“ со различна големина со пристап од игралиштето, кои се ориентирани кон надворешноста.