Насловна / Вести / Погребан град – некогашната престолнина на дијаманти затрупана под пустинскиот песок

Погребан град – некогашната престолнина на дијаманти затрупана под пустинскиот песок

Kolmannskuppe Juzna afrika

Пустината во Јужна Африка веројатно е последното место каде би очекувале да пронајдете мало парче од германскиот начин на живот. Но, во песоците на пустината Намиб во Намибија, напуштениот град  Колманскоп стои како тестамент на германската колонизација од почетокот на 20тиот век. Колмансоп лежи на околу 12km од брегот на Атланскиот Океан, околу рудник на дијаманти и брзо станува едно од најбогатите места во јужна Намибија, земја која до почетокот на Првата светска војна била германска колонија.

Kolmanskop_Namibia_2813283095

Дијамантските полиња биле толку обилни, така што скапоцените камчиња можеле да се собираат директно од песокот. Градот поседувал многубројни погодности вклучувајќи болници, казино, фабрика за лед и електрични посторојки, па дури и сопствен базен. Колманскоп е и денес видлива германска оставштина со недопрени вили и продавници и многубројни знаци на германски јазик. Меѓутоа, кога Германците ја изгубиле војната, а индустријата на дијаманти преместена на друга локација, градот го изгубил својот просперитет и од 1954 е потполно напуштен.

Kolmanskop_sand

Денес служи како туристичка атракција каде љубопитните можат да ги посетат куќите исполнети со песок дури и до таванот. Голем дел од ова подрачје и понатаму е активен дијамантски појас и до него може да се стигне само со посебна дозвола. Како почнува ископувањето на дијаманти на ова подрачје? Наводно еден железнички работник во 1908 година пронашол огромен дијамант во песокот. Гласините брзо се прошириле и дијамантската грозница почнала да го зема замав. Колманскоп наскоро станал центар на дијамантската индустрија. Пругата која минува низ местото дополнително придонела за неговиот развој.

Kolmanskop

Во својот зенит пред Првата светска војна, градот броел околу 1200 работници и жители. Градот имал редовно снабдување со електрична енергија, а снабдувањето на вода се вршело преку железницата, една од првите железнички системи во Африка.  Денес е место каде се снимаат филмови, а честа мета е и на професионалните фотографи, во надеж дека ќе ги уловат сите негови тајни пред целосно да биде проголтан од страна на пустинскиот песок.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top