Српската фабрика што ја полни познатата „Пролом вода“, ја користи истата вода и за греење. Поточно, оваа фабрика ја искористува температурата на изворот во планината Радан, која изнесува 29 степени Целзиусови, како топлински давач за топлинска пумпа. Во лето истиот систем на топлинската пумпа се користи за ладење на производствените погони.
Иако топлинската пумпа подразбира високи инвестициони вложувања, се работи за исклучително ефикасен концепт бидејќи од 1 kW електрична енергија се добиваат 3-4 kW топлинска енергија. Токму затоа, заштедата е огромна во споредба со употребата на фосилни горива. Дополнително, се остваруваат заштеди и со рекуперација на отпадната топлина од работењето на компресорите, по што и оваа топлина се користи за греењето на погоните.
Извор: energetskiportal.rs