Новоотворениот Warehouse Hotel во Сингапур има многу интересна историја. Во прашање е луксузно одморалиште сместено во индустриската зона на Сингапур! Халата е изградена во 1895 година на брегот, и токму поради специфичната локација и квадратура веднаш станала мета на сингапурската мафија, која протерувајќи ги првите сопственици, многу години тука произведувала опијати далеку од очите на јавноста, пишува Inhabitat.
Кога полицијата успеала да им застане на патот на овие мафијаши, индустриската зона почнала да се менува брзо. Сега ова е многу урбана и тренди локација па претворањето на историската хала во хотел е сосема логичен потег.
Некогаш
Денешен изглед на халата
Оваа задача му била доверена на бирото Zarch Collaboratives, кое заедно со консултантите за ентериер Asylum Creatives, зградата стара 121 години ја адаптирале во бутик хотел со 37 уникатни соби кои оддаваат почит на индустриската ера во овој крај.
Гледано од надвор, објектот се уште изгледа како трикорабна хала. Бели ѕидови, големи отвори на фасадата… Меѓутоа, додадените завршни детали на фасадата и ноќното осветлување укажуваат на тоа дека ова е нешто сосема друго.
Ентериерот е приказна за себе. Естетиката на индустриските објекти е целосно задржана на ѕидовите од тули, засводени тавани и видлива покривна конструкција.
Меѓутоа, утилитарната естетика е збогатена со модерна декорација и осветлување, кои му даваат на хотелот необичен posh изглед.
Архитектите сакале да внесат во ентериерот и некои елементи кои би потсетувале на криминалните активности што некогаш се случувале под покривот на оваа хала. Веднаш до рецепцијата, видливо се оставени да висат лисици и други мафијашки предмети.