Насловна / Вести / Поголема загаденост, пореметен сообраќај, дивоградби – се поради онлајн купување

Поголема загаденост, пореметен сообраќај, дивоградби – се поради онлајн купување

Купувањето преку интернет е се популарно во светот, но во големите светски градови веќе предизвикува комунални проблеми. Со состојбата во Њујорк се занимава Градскиот институт за сообраќај, но и „Њујорк тајмс“.
Повеќе од 90 отсто од жителите на Њујорк купуваат преку интернет, така што во градот секојдневно пристигнуваат еден ипол милион пратки.

ny
Просечните испораки на домаќинствата во последните петнаесет години се утростручиле.
Компаниите кои се занимаваат со испорака на купената роба преку интернет имаат многу проблеми да стигнат во сите квартови на големиот град.

Screenshot_2
Истражувањето на Градскиот институт за сообраќај покажало дека интернет купувањето ги пореметило сообраќајот и безбедноста на патиштата, придонело за зголемување на загадувањето, па дури поттикнало и диво градење.
За да се испорача робата на време, камионите се паркираат во сообраќајните ленти, дури и на крстосниците. Поради тоа полицијата само минатата година наплатила 471.000 казни. Тоа е за 34 отсто повеќе во однос од пред пет години.

nt
Главниот пат за камиони кои треба да влезат на Менхетен е најзакрчениот во целата земја. Сообраќајот го забавуваат и автомобилите кои возат како Убер, па така брзината не преоѓа 40 километри на час.
Градските четврти ги завземале магацини за чување на робата која најбрзо треба да се испорача, а на периферијата се градат стотици илјади квадрати магацински простори, некогаш и без дозвола.

Градските власти се трудат да обезбедат магацини во разни делови на градот, но и паркинг за камионите. Се разгледува и можноста за користење на воден пат, бидејќи Менхетен е остров сред Њујорк.

Испрати коментар

Scroll To Top