Побезбеден и помодерен сообраќај ќе овозможи реконструкцијата на патот Велес-Штип на делницата до Кадрифаково која е во должина од девет километри, а за чија изградба денеска се информираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалниците на Велес, Штип и Лозово.
Инветицијата вреди 6,5 милиони евра, а предвидува проширување на три коловозни ленти односно 11 метри.
Реконструкцијата на патoт со одредено проширување чини околу 15 милиони евра, а вкупно се опфатени 24 километри. Еден дел од патниот правец веќе е завршен, информира Јанакиески. Рокот за изградба на оваа делница е 18 месеци, а работите започнаа во мај годинава.
Тој потенцира дека сега се работи и на проектирањето за проширување и реконструкција на делницата од Штип до Кочани, кој се очекува да започне со градба кон крајот на наредната година. Моментално се работи и на патот од Делчево до Голак.