На Арктикот се чуваат големи количини различни семиња, за случај на огромни природни катастрофи со цел да се спасат растителните видови на нашата планета. Влезот на овој „сеф“ направен е од бетон, а во него се складирани 837.931 примероци од семиња на температура од -18 0C. Ова засолниште е направено во регионот кој се вика Свалбард, и се наоѓа помеѓу Норвешка и Северениот Пол.
„Засолништето е направено за да може човештвото да преживее катаклизма и да се одржи човечкиот род. Тоа е свето место, на кое ќе застанете и добро ќе размислите“, вели Мајкл Кох, еден од луѓето задолжени за одржување и функционирање на овој објект. Семињата ко овде се чуваат доаѓаат од сите краишта на светот, па дури и од изолираната Северна Кореја.
На долната адреса имате и видео од внатрешноста на засолништето.
http://edition.cnn.com/videos/world/2015/10/21/inside-global-seed-storage-vault-in-norway-damon-pkg-wrn.cnn