Terrence Zhang е фотограф од Шангај, а токму неговата фотографија оваа година е прогласена за најдобра кога станува збор за архитектурата. Прилично драматичен и симетричен кадар на еден базен во комбинација со игра на светлина и сенки што доаѓаат од елиптичните прозорци, забележано е од експертското жири во рамките на Arcaid Images Architectural Photography на фестивалот World Architecture, одржан неодамна во Берлин.
Тоа е нов базен кој се наоѓа во рамките на Универзитетот во Тјанџин, а дизајниран од кинеското архитектонско студио Atelier Li Xinggang. Фотографијата е навистина фантастична!