Една мала област во Западна Австралија со 2500 жители, која е лоцирана на 180 километри северно од Перт, со помош на дрон ја снимала изградбата односно асфалтрањето на локалниот пат долг 4,9 километри. Никој не очекувал дека видеото за кратко време ќе стане вирално, а причината е многу едноставна – асфалтирањето на патот е завршено за само два дена.