Насловна / Вести / Погледнете како функционира првата ротациона гаража во Хрватска (ВИДЕО)

Погледнете како функционира првата ротациона гаража во Хрватска (ВИДЕО)

Пула пробно ја пушти во работа ротационата гаража, прва и единствена од ваков тип во Хрватска, која треба да го намали проблемот на овој истарски град со хроничниот недостаток на паркинг места, особено во летните месеци.

Иако жителите на Пула првично беа скептични за безбедноста на нивните возила, од Пула паркинг ја уверуваат јавноста дека роло – паркингот е практичен и безбеден, како и дека штеди простор, а на некогашните шест паркинг места сега можат да се сместат дури 30 возила.

1

Тестирана на удари на ветрови и потреси

Станува збор за три роло – гаражи, проектирани за по 10 возила, кои се изменуваат, а влезот е регулиран со рампи каде се читаат регистарските таблички.

Се користи апликација за да се паркираат возилата внатре и да се вратат по завршувањето на паркирањето – објаснуваат за „Вечерњи лист“ од Пула паркинг.

Гаражата е направена како челична конструкција и е тестирана од удари од ветер и земјотрес.

2

Десет автомобили ги тестираа новите паркинг места за да проверат дали е се во ред, а набрзо по техничкиот преглед ќе започне пробната фаза за граѓаните, на кои ќе им асистираат вработените во Пула паркинг за да немаат никакви потешкотии при користењето.

За почеток, користењето на ротирачкиот паркинг нема да се наплаќа, а кога жителите на Пула ќе се навикнат, треба да почне и наплатата по стандардната цена за соодветната зона – едно евро во зима и 1,60 евро во лето за час.

Интересно е да се истакне дека моторите на гаражата имаат само 9,2 киловати, што значи дека потрошувачката е минимална, па постои и опција да се надградат и да станат воедно и полначи за електрични возила.

Испрати коментар

Scroll To Top