Насловна / Архитектура / Погледнете ја вистинската приказна за жените во Баухаус (видео)

Погледнете ја вистинската приказна за жените во Баухаус (видео)

Создавањето на школата Баухаус во Германија во 1919 година е важен момент во историјата на архитектурата, за што пишувавме во Порта 3 по повод стогодишнината од основањето на школата. Баухаус иницирал безброј дискусии за архитектурата и дизајнот кои продолжуваат до денешен ден. Оваа школа, која подоцна стана повеќе движење отколку институција во текот на своето постоење се соочила со политички и општествен отпор, за да на крај ги затвори своите врати во 1933 година за време на нацистичкиот режим. Меѓутоа, знаењето кое Баухаус го донесе во професијата стана универзално и како такво им даде белег на градовите низ целиот свет.

бх3
Сто години подоцна, многумина се потрудија да ја раскажат приказната за тоа што се случувало внатре, помеѓу ѕидовите на оваа позната институција, која ја конципирал прочуениот архитект, но и визионер, Валтер Гропиус. На јавноста и е помалку познато дека школата Баухаус била оспорувана и затоа што тоа била првата образовна институција која дозволила да ја посетуваат жени. Сепак, неколку среќни ученички не добиле ист третман како нивните машки колеги – им било дозволено да учествуваат само во поедини програми за жени.

бх1

Се чинеше дека заради годините што поминаа, приказната за жените во Баухаус, но и за нивната нееднаквост ќе биде осудена на заборав. Меѓутоа, нивните имиња и она што го постигнале, сепак ќе остане забележано за сите времиња. Приказната за Annа Albers, Gunta Stolzl, Marianne Brandt, Margarete Heimann, Gertrud Arndt, Beniti Koch-Otte, Lou Scheper-Berkenkamp i и дизајнерката Almа Siedhoff-Buscher го инспириарала режисерот Gregora Schnitzlera да сними филм Bauhaus (Lotte am Bauhaus).
Филмот во режија на Gregora Schnitzlera, создаден е со поддршка на сегашната директорка на архивата на Баухаус, Annemari Jaegg, која вели: „Филмот ни дава претстава за креативноста, љубопитноста и страста кои овие жени ги оживеале во центарот за креативност и експериментирање познат како Баухаус“.

бх2
Драмата е посебно фокусирана на кариерата на Almа Siedhoff-Buscher, која против желбата на своите родители се запишува на школата Баухаус и станува дел од генерацијата уметници која на жените им дава улога во архитектурата и дизајнот.
Трејлерот за филмот:

Испрати коментар

Scroll To Top