Најголемиот соларен парк во светот се наоѓа во Кина и се простира на 26 квадратни километри. Паркот Longyanxia Dam има инсталирана моќност од 850 MW.
Неговата изградба започнала во 2013 година, а само четири години подоцна поставени се над четири милиони соларни панели. Колку тоа навистина изгледа импресивно, покажуваат и снимките од сателитите на НАСА.