Насловна / Архитектура / Поглед на единствената куќа во Лондон на големата Заха Хадид

Поглед на единствената куќа во Лондон на големата Заха Хадид

Заха Хадид во текот на својот живот беше посветена на унапредување на архитектурата во насока на модерноста. До нејзината смрт во 2016 година, нејзиното портфолио беше предмет на завист на секој проектант, бидејќи беше на врвот на безброј натпревари, освојувајќи големи признанија, а особено наградата Прицкер во 2004 година. И покрај огромниот обем на работа, таа проектирала само две куќи. Една од нив се наоѓа во густите шуми околу Москва, која повеќе личи на вонземска структура отколку на зграда. Другата се наоѓа на крајот на една историска улица во лондонска Белгравија и е постмодерна станбена естетика.

5

Бидиша Синха, помошник директор во Zaha Hadid Architects (ZHA) и проект менаџер на резиденцијата Белгравија, вели: „Оваа куќа во Лондон е мало изненадување за кое никој не знае. Сигурен сум дека многу луѓе ширум светот барале од неа да го проектира нивниот семеен дом, но претпоставувам дека времето ја ограничувало. Таа беше исклучително вклучена во развојот на секој проект на ZHA. Зборувам за национални музеи, истражувачки институти, железнички станици и аеродроми. Овие големи проекти беа интензивни и бараа нејзино целосно внимание и талент“.

1

Сопствениците на куќата биле пријатели на Заха. Сè во оваа куќа започнало со голема доверба помеѓу сопствениците и архитектот, што е многу добра појдовна точка за создавање пријатен семеен простор. Модерниот четирикатен дом е завршен во 2017 година и е одличен пример за дизајнерска филозофија која се фокусира на уверувањето дека смело апстрактна станбена куќа може да остане верна на своите историски корени. Резиденцијата, како и сите големи уметнички дела, ја има посебната ДНК на својот творец.

9

Завршена во 2017 година (околу една година по смртта на Хадид), впечатливо модерна четирикатница се наоѓа на крајот од улицата. Куќата ја опкружуваат лондонски куќи од 18 век, кога викторијанските домови имале видливо одвоен простор за штали за коњи. Всушност, улицата е заштитено наследство што ZHA морале да користат мали камиони со ограничена тежина за да не се оштети улицата со калдрма.

11

„За разлика од кое било друго градилиште, ништо не можеше да се складира на локацијата“, вели Синха. „Сè мораше да се вградува истиот ден, во рок од осум часа“. И додава: „Беше возбудливо да си играме со традиционалните британски сфаќања за тоа што ја прави куќата, како што се екстериери од тули“, објаснувајќи го изборот на бела тула. „Но, тулата мораше да биде совршено поставена бидејќи на сопствениците им требаше чувство на сигурност. Така, во рамките на традиционалната надворешност, користевме робот за поставување на тулите во специфичен модел. Високотехничкиот пристап резултираше со прекрасно брановидно формирање на домот“.

2

Внатре во куќата, акрилна балустрада проектирана од ZHA пставена е на дрвен под. Во оригиналниот проект, овој простор содржел базен и лента за трчање. „Заха сакаше чувство на простор и воздух“, вели Синха. „Затоа остави продор низ подот, заштитувајќи ја едната страна со балустрада, а притоа дозволувајќи природна светлина да го преплави долното ниво“.

10

Друга важна точка се скалите, кои се направени од бетон со ултра високи перформанси, пренесувајќи ја прецизноста и моќта на дизајнот. Геометријата и изобилството на природна светлина се ѕвездите на секоја простор, особено во дневната соба. Огромен стаклен прозорец нуди прекрасен поглед на елегантната тераса, која е богата со вегетација.

4

Сопствениците и дозволиле на Заха голема креативна слобода, но барале и одредено ниво на приватност. Распоредот претставува мешавина од јавни забавни простори и приватни области затворени во одредени делови на домот.

12 3 8 6

Испрати коментар

Scroll To Top