Шпански уметник кој работи под името Pejac стана познат по неговите поетски траги кои ги остава на ѕидовите во разни светски престолнини како што се Париз, Лондон, Москва, Милано и Истанбул. Тој со својот специфичен уметнички стил донесува еден сегмент на романтична визија за она што ние го нарекуваме улична уметност. Основната идеја му е да ја приближи уметноста на луѓето, да им ја направи достапна и надвор од музеите.
Како што самиот кажува за својата уметност: „Меланхолијата и хуморот се моторот на моите идеи и уметност, а реакциите на луѓето ме тераат да работам понатаму. Животот на возрасните се случува во потполна инерција, и единственото нешто што може да ги размрда се лошите вести. Ако успеете барем малку да ги размрдате и да ги инспирирате со нешто позитивно, тогаш целата моја работа добива смисла“.