Насловна / Вести / Подземниот град на Тито во Пакленица отворен за посетители

Подземниот град на Тито во Пакленица отворен за посетители

podzemen grad Paklenica

„Уредувањето на подземните тунели во модерен центар за посетители е најголем и најзначен проект кој е реализиран во Националниот парк Пакленица. Ова е атракција која на најдобар начин ќе им ги доближи на посетителите вредностите на паркот. Освен што ја збогатува понудата, овој проект придонесува за одржлив развој и поквалитетно управување со националниот парк“, изјави министерот за заштита на животната средина на Хрватска Славен Добровиќ при свеченото отворање на новиот центар за посетители во националниот парк, поточно во т.н. подземен град.

podzemen grad Paklenica1

Центарот за посетители е сместен во подземните ходници изградени од страна на поранешната ЈНА. Нивната изградба започнала уште во 1950 година. Во рамките на овој проект довршен е главниот дел на објектот со површина од околу 1.100 метри квадратни, а отворена е и главна мултимедиска сала, инфо пулт, простор за хрватската горска служба за спасување, како и сите пристапни и евакуациски ходници.

podzemen grad paklenica2

Финансиите се обезбедени 80% од Фондот за заштита на природата и енергетска ефикасност, а остатокот од Националниот парк Пакленица. Ќе следува уште една фаза  до финално комплетирање на реконструкцијата, за што веќе е поднесена апликација за обезбедување средства од Фондот за развој на Европската Унија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top