Локацијата на објектот е во Котор, под магистралниот пат Котор – Херцег Нови, а во неговата изградба вложени се 1.6 милиони евра.
Влезовите во подземниот премин се од правец на пристаништето и од правец на Стариот град. При нивното позиционирање посебно внимание е посветено на насоките на движење и фреквенцијата на преминување на сообраќајницата, како и на постојната распределба на инсталации.
Архитектот Драгутин Дубљевиќ, авторот на проектот, влезот од правец на брегот го проектирал како просторен репер, која е обликуван со нагласена настрешница и ги насочува туристите кон Стариот град. Влезот од правец на Стариот град е целосно лишен од надземни структури за да се избегне нарушување на погледот кон градските бедеми.
Подземниот преминот е опремен со електрични ескалатори и специјални лифтови за луѓе со инвалидитет.
Со овој премин е регулиран пешачкиот сообраќај, што претставуваше проблем во овој дел на Котор и го оневозможуваше континуираното одвивање на сообраќајот на возила и пешаци во потесното градско подрачје, особено во летните месеци кога поради пристигнувањето на голем број крузери, предметната локација е дополнително оптоварена со туристи од крузрите кои сакаат да имаат поблизок контакт со Стариот град и неговите знаменитости.