Општините од источниот плански регион ја продолжуваат активноста за подземен катастар. Оваа активност е во рамките на проектот за воспоставување на ГИС системот, реализиран во соработка со Република Словенија.
Проектот ќе се финансира со грант од околу 70% од Владата на Словенија и со финансиски средства од општините од источниот регион.
„Во планираните финансиски средства за реализација на овој мошне значаен проект за општините од истокот, кој ќе изнесува меѓу 450 до 500 илјади евра, очекуваме грант од околу 70 проценти од Владата на Република Словенија“, изјави Тони Тоневски, претседател на Источниот плански регион, и најави дека по завршувањето на првата фаза, ќе се прават подготовки за втората фаза од проектот каде ќе се спрема подземниот катастар.