Насловна / Архитектура / Подводните градови реалност до 2030 година

Подводните градови реалност до 2030 година

Подводни градови со дизајн во форма на спирала, која се превиткува кон длабочините на океанот, може да биде реалност до 2030 година според јапонската градежна компанија JAMSTEC во соработка со Универзитетот во Токио. Концептот на океанските спирали оди до 2,5 милји под  површината на океаните и креира самоодржувачки град за 5.000 жители.

подводен-град-1

подводен-град-2

Овие структури се предвидува дека ќе бидат произведени користејќи огромни индустриски 3D принтери. На површината од водата се планира да има лебдечка купола каде што ќе бидат сместени домови, хотели и бизнис центри. Оваа структура се потопува во водата за време на лоши временски услови.

подводен-град-3

подводен-град-4

Под неа би се протегала спирала каде што ќе бидат сместени научните центри за собирање на природни ресурси кои може да се користат подоцна за производство на енергија.

подводен-град-6

Хидрауличен притисок би се користел за производство на дестилирана вода за пиење.

подводен-град-7

подводен-град-8

Инвестицијата е проценета на 16 милијарди фунти, а проектот ќе биде спремен да се реализира најрано за 15 години, што значи дека првите жители може да се вдомат во 2030 година.

подводен-град-10

Испрати коментар

Scroll To Top