Бетонскиот „перископ“ кој се лизнал од норвешкиот брег во море е поплавен ресторан кој на гостите им нуди прозорец во животот под брановите.
Сместен е во бетонски блок долг 34 метри кој со едниот крај се потпира на обалата, а на другиот крај е пет метра под површината на водата, на морското дно.
Ресторанот е проект на бирото Snøhetta, автор е Jessica Mairs, а основачот на бирото Kjetil Trædal Thorsen вели: „Овој простор нуди нови перспективи и начин на гледање на светот, под и над водената линија.
Ресторанот со 35 до 40 места за седење се наоѓа во Lindesnes, најјужниот дел на Норвешка.
Просторот е заштитен од удар на бранови со бетонски ѕидови кои се дебели половина метар, но прозорите со димензија 11 на 3,4 метра се отвори во море.
Грубата бетонска конструкција служи на двојна намена, привлекува и морски животинки кои се прицврстуваат на ѕидовите, обезбедувајќи им интересен поглед на гостите за на крајот да се најдат во нивните чинии, кој поглед се менува во тек на годишните времиња и различните временски услови.
„Структурата е проектирана така да во потполност се интегрира во својата морска околина со тек на времето, бидејќи нерамнината на бетонската обвивка функционира како природен гребен, добредојден на него да се лепи и населува морскиот свет“.
Фотоапаратите ќе им овозможат на биолошките истражувачи да го проучуваат однесувањето на рибите, разновидноста и популацијата околу ресторанот, помагајќи му на шефот на кујната и неговиот тим од 16 луѓе да проценат кога е најдобро време за берба. Просторот каде е сместена кујната се наоѓа најблиску до брегот, додека во трпезаријата со скромен мебел се наоѓа панорамскиот прозор.
Сончевата светлина која сјае низ матните води на морето создава драматичен амбиент за гостите кои се спуштаат во ресторанот преку фоаје од дабово дрво во трпезаријата.
По зајдисонцето вештачко осветлување го осветлува морското дно за да ја привлече рибата до прозорецот.