Насловна / Градежништво / Подвижен пешачки мост во форма на апостроф

Подвижен пешачки мост во форма на апостроф

pesacki-most-apostrof-1-726x400

Овој необичен проект на фирмата McDowell+Benedetti има функционална цел. Мостот се ротира за да ги пропушти бродовите во каналот во градот Хал во Англија. Тој е изработен од челик и претставува пешачка врска помеѓу градскиот музеј во центарот со аквариумот во индустриската област.

pesacki-most-apostrof-2-630x450

Мостот е така испроектиран што пешаците можат да се движат по него дури и кога структурата е во движење.

pesacki-most-apostrof-3-630x450

Мостот во форма на апостроф има две рути: една со блага кривина која го следи надворешниот крај на мостот, и друга со скалници кои водат до платформата што служи и како видиковец. Обликот на платформата не е случајно избран. Кога ноќе ќе се осветли стаклената лантерна, таа изгледа како голема перка од ајкула.

pesacki-most-apostrof-4-630x450

Кога ќе пристигне брод, мостот се ротира и го ослободува пловниот пат за бродовите.

pesacki-most-apostrof-5-630x450
Долниот носач на мостот е доволно искривен за да поминат чамци под него, без да се отвори мостот.

pesacki-most-apostrof-6-630x450

Центарот на ротација на мостот е челичен валјак со висина на еден кат, кој секако има уште една функција – ресторан.

pesacki-most-apostrof-7-630x450

Испрати коментар

Scroll To Top