Откако во Јапонија неодамна полета првиот Star Wars тематски авион, на пазарот се појави уште еден промотивен производ за Star Wars: The Force Awakens.
Станува збор за подвижен фрижидер со далечински управувач кој изгледа како дроидот од филмскиот серијал, R2D2.
Пред неколку месеци сајтот Mashable ја најави продажбата на фрижидерот, а неодамна беше објавен и посебен трејлер за производот.
Фрижидерот е партнерски производ меѓу јапонскиот производител Aqua (огранок на Haier) и Disney, а доставата до купувачите ќе започне во декември.
Според извршниот директор на Haier Asia, ова не е концепт, туку вистински производ.
Фрижидерот веќе може да го нарачате со вртоглава цена од 8.300 долари, а првите испораки се очекуваат во декември оваа година.