Насловна / Вести / Подвиг на малиот град – од колапс до енергетска револуција

Подвиг на малиот град – од колапс до енергетска револуција

Varese ligure3

Varese Ligure е мал италијански град во провинцијата La Spezia, кој веќе одамна зачекорил во 21. век, ориентирајќи се кон обновливите извори на енергија. На тој начин градот се извлекол од тоталната економска пропаст. Денес местото е одржлива туристичка дестинација, позната по своето еколошко производство.

Но, жителите ги паметат и тешките времиња. На самиот раб на пропаста овој крај се нашол во 80-тите години од минатиот век, бидејќи немало ниту работа, ниту индустрија во која жителите би се вработиле. затоа, за краток период бројот на жителите се намалува од 6.000 на 2.500. Но, градските челници се зафаќаат во костец со својата судбина и одлучиле да најдат начин за зајакнување на економијата и заедницата. Градоначалникот одлучува токму слабостите на градот односно недостигот од индустрија и работни места, да ги претвори во предност.

varese ligure1
Така градот станува идилична туристичка дестинација каде радиционалната архитектура се испреплетува со ветерните фарми и соларните паркови. Но, за оваа трансформација, секако, било потребно одредено време и едукација. Така, уште во 1996 година основан е Образовен центар за животна средина, со цел подучување на учениците, но и на возрасните за еколошките фарми, ветерните турбини, биомасата, соларните панели и одржливоста. За кратко време жителите сфаќаат дека органските производи имаат поголема економска вредност која им се враќа во вид на сертификат за еколошко производство. Во моментот во местото има 108 органски фарми.

varese ligure2
Обновливите извори ан енергија го следат развојот на органското земјоделство. Ветерните турбини произведуваат три пати повеќе енергија од потрошувачката на градот. Постои и постројка за пречистување на отпадните води на градот. Вишокот произведена и продадена енергија обезбедува годишен приход од 30.000 долари. Преку обновливите извори на енергија создадени се 140 нови работни места, а туризмот забележува раст од 500%. Ова е доказ дека обновливите извори на енергија се извонредна комбинација со одржливото земјоделство.Varese ligure

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top