Насловна / Вести / Подобрена ефикасност и смалување на трошоците за енергија

Подобрена ефикасност и смалување на трошоците за енергија

Компанија за енергетски услуги (ЕСКО) е компанија која обезбедува сеопфатни енергетски решенија за своите клиенти, вклучувајќи ревизија, редизајн и спроведување на промени во начините на кои потрошувачот троши енергија. Главна цел на ваквиот систем на работење е подобрена ефикасност и смалување на трошоците. Други можни услуги што се обезбедуваат од ЕСКО вклучуваат снабдување со енергија за инфраструктура, снабдување со енергија, финансирање и управување со ризик. Токму оваа сеопфатност на услугите го разликува ЕСКО од енергетска компанија, чија главна дејност е единствено обезбедување енергија на своите клиенти. Обично, компензацијата на ЕСКО се заснова на перформанси, така што придобивките од подобрената енергетска ефикасност се делат меѓу клиентот и ЕСКО.

Empty city road at night

ЕСКО честопати користи договорно работење, што значи дека доколку проектот не обезбеди поврат на инвестицијата, ЕСКО е одговорна да ја плати разликата, со што ќе ги увери своите клиенти во заштедата на енергија и трошоците. Затоа, ЕСКО се суштински различни од консултантските инженери и изведувачи на опрема: првите обично се плаќаат за нивниот совет, додека вторите се платени за опремата, но ни едните ни другите не прифаќаат ризик од проектот. Начинот на којшто ЕСКО ја нудат услугата претставува убедлив поттик за нивните клиенти да инвестираат.

eef-e1567422129615

ТИПИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Некои типични карактеристики на ЕСКО се следниве:

Сопственост – ЕСКО може да бидат приватни компании, независни или дел од голем конгломерат, државни, непрофитни, здружени вложувања, производители или подружници на производители.

Клиенти – ЕСКО обично се специјализираат за гранки на пазарот по сектор (индустрии, комунални услуги, недвижности и сл.) и според големината (големи или мали проекти).

Технологија – Некои ЕСКО имаат технолошка специјализација (на пр. осветлување, HVAC, одреден индустриски процес), додека други се насочени кон холистички пристап.

Финансирање на проектот – Финансиските можности се разликуваат во зависност од финансиската состојба на ЕСКО. Некои имаат големи матични компании, што им овозможува да финансираат проекти. Сепак, сите ЕСКО зависат до одреден степен на финансирање од трети страни. Финансиите за спроведување на енергетски услуги ЕСКО компанијата може целосно или делумно да ги обезбеди самостојно. Во случај на делумно финансирање на ЕСКО, покрај сопствените средства, може да користи средства како што се заеми или финансирање од трети лица. ЕСКО или третата страна (во зависност од договорот за енергетска услуга) презема целосна или делумна одговорност за финансискиот, техничкиот и трговскиот ризик во однос на спроведувањето на договорената енергетска услуга.

33

ЕСКО МОДЕЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Тенденцијата на Владата на Македонија е да го регулира секторот за енергетска ефикасност и со тоа да ја транспонира Директивата 2012/27 / ЕУ, Директивата 2010/31 / ЕЗ и Регулативата 2017/1369. Предлог-законот за енергетска ефикасност во моментов е во завршна фаза на донесување. Со стапување на сила на овој Закон треба да се оддели енергетската ефикасност од Законот за енергетика со што ќе овозможи многу подобро регулирање на секторот и имплементација на овој вид проекти.

ЕСКО моделот почна да се презентира во Република Македонија на крајот од 2018 година со почетокот на  проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изнаоѓање на потенцијални проекти во областа  на енергетската ефикасност. Основната цел на оваа иницијатива е да се идентификува и да се поддржи подготовката на проекти за енергетска ефикасност (ЕЕ) во јавниот сектор, кои достигнува комбинирана вредност за инвестирање од најмалку пет милиони евра. Земјите кои се таргетираат се: Македонија, Косово и Албанија со фокус на ЕСКО проектите за улично осветлување.

Screen Shot 2019-05-07 at 7.34.58 AM

За оваа цел, формиран е тим од експерти од различни научни полиња за поставување на основа за развој на ваков вид на финансирање.

Досега тимот оствари исклучителен напредок во постигнувањето три клучни вредности: да направи скрининг на моменталната состојба со националното законодавство, да ги анализира постојните обрасци на договори за енергетски услуги, особено од правна гледна точка, и да предложи список на потенцијални проекти за енергетска  ефикасност. Воедно, интерес за вклучување во проектот пројавија 21 општина, од кои за првата фаза се избрани пет пилот-општини (Василево, Чешиното – Облешево, Македонска Каменица, Радовиш и Валандово) во кои се спроведува техничката помош за склучување на договори за енергетски услуги во доменот на јавното осветлување. Во моментов, три од петте општини веќе имаат објавено јавни повици за изнаоѓање на ЕСКО партнер за формирање на јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел. Предмет на инвестицијата на ЕСКО е модернизација на постојното јавно осветлување без притоа да предизвика јавен долг за општината која го спроведува проектот. Со проектот се опфатени три фази и тоа:

–  фаза на подготовка која опфаќа детална анализа и припрема за имплементација од страна на избраниот приватен ЕСКО партнер

–  фаза на имплементација кога системот на јавно осветлување ќе биде модернизиран во максимално времетраење од 12 месеци

–   последна фаза како период на гаранција од максимум осум години во кој ЕСКО партнерот врши поврат на вкупната инвестиција преку месечни договорени накнади, а во зависност од нето-финансиската корист со која се здобила општината од модернизацијата на системот за јавно осветлување преку заштедите на електрична енергија.

1

Најповолниот понудувач се избира со електронска аукција спроведена на системот за е-концесии поставен на серверот на Министерство за економија. Како критериуми, освен квантитативните, постојат и квалитативни критериуми во однос на животниот век на понудената светилка и истиот изнесува 15 отсто од вкупниот број на поени. Предмет на позитивна електронска аукција е само квантитативниот критериум кој е изразен преку нето-финансиската корист за корисникот, во овој случај општината.

Првите најповолни понудувачи се планира да бидат избрани кон почетокот на следната година кога се планира да биде отворена и втората фаза од проектот, со нови општини вклучени во процесот за техничка помош.

44

Дополнително, освен споменатиот договор за енергетски услуги, предмет на анализа ќе биде и договорот за снабдување со енергија со кој ќе бидат опфатени проекти од типот на мали дистрибутивни системи за греење. Во овој контекст, дополнителни општини ќе бидат вклучени како пилот-проекти со цел спроведување на овој вид на договори за прв пат во нашата земја.

Испрати коментар

Scroll To Top