Светот се соочува со криза за квалитетна вода како резултат на постојан раст на населението, урбанизацијата, промената на користењето на земјиштето, индустријализацијата, зголеменото производство на храна, зголемување на животниот стандард, климатските промени, лошите практики на користење на водата и испуштањето на непречистени отпадни води. Состојбите со животната средина, настанати како последица на несоодветно или непостоечко управување со отпадните води, претставуваат значителни закани за здравјето, благосостојбата и економската активност.
Водата за пиење во Македонија има прилично високо ниво на покриеност (~ 90%); но во исто време, постои високо ниво на исчезнатата вода (некаде помеѓу 30% до 75%, најмногу поради ненаплатена потрошена вода, протекување на мрежите и неовластено конектирање на водоводниот систем).
Комуналните отпадни води постигнуваат само умерено ниво на покриеност, каде што сè уште постојат многу урбани средини кои немаат целосна канализациона мрежа. На национално ниво, канализационата мрежа се состои од 1.239 километри на гасоводи. Од вкупниот број на 697.529 живеалишта (според пописот во 2002 година), 65% се поврзани со системот за јавна канализација, додека 21% од домаќинствата имаат септички јами, а другите имаат систем на неконтролирано испуштање на отпадните води. Комуналните отпадни води се голем прeдизвикувач за загадувањето на нашите водни токови. Тие носат големи количини од домашните отпадни води (од домашните активности), санитарни отпадни води од комерцијалните и индустриските објекти, заедно со атмосферската вода, водата што се излива како резултат на земјоделски активности и голем дел од нетретираните индустриски отпадни води. Ваквиот, мешан канализациски систем доведува до зголемени водни нивоа, кои во време на зголемени врнежи водат кон поплавени улици.
Општинските отпадни води, пред да се испуштат, треба да се третираат во соодветни пречистителни станици за отпадни води. Доколку тоа не се стори, се нарушуваат водотеците каде што се испуштаат загадувачки супстанции, кои влијаат и врз површинските и врз подземните води (овие води се важен извор на питка вода). Загадувањето на општинските води го зголемува ризикот по здравјето на луѓето од инфекции и пренос на водни болести. Сепак, постигнат е мал напредок во општинскиот третман на отпадните води во изминатите неколку години. Постојат осум оперативни пречистителни станици во земјата, односно помалку од 15% од урбаното население е поврзано со соодветни капацитети за третман на отпадните води. Само две од овие (Струга и Куманово) служат на заедници со повеќе од 50.000 жители. Од десетте најголеми (> 50.000 p.e.) агломерации надвор од Скопје, само три се поврзани со соодветни ПСОВ: Куманово (100.000 p.e.), Струга и Охрид (120.000 p.e.).
Преземени активности во секторот за вода
Нашата земја како кандидат за членство во ЕУ презема мерки за постигнување на согласност со барањата на ЕУ во секторот за вода, особено во постигнување на согласност со барањата на Директивата за вода за пиење и Директивата за третман на урбани отпадни води.
Според амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, „реформата во секторот за вода во земјата е приоритет за ЕУ“.
Барањата на ЕУ се целосно транспонирани во националното законодавство. Најновите проценки на потребите за инвестиции потребни за усогласување со барањата за собирање и третман на отпадните води се значително високи. Потребни се инвестиции од околу 750 милиони евра, со цел да се имплементираат националните и барањата на ЕУ во секторот за води (околу 530 милиони евра за системи за третман на собирање на отпадните води и 220 милиони евра за системи за снабдување со вода за пиење). Идните приспособувања на овие бројки е во тек во моментот, во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Развој на национална студија на води“. За потребните инвестиции, потребна е надворешна и национална поддршка. Надворешната поддршка ќе го намали почетниот товар на државата и индиректно на општините и комуналните претпријатија. Сепак, понатамошниот товар од работењето и одржувањето на системите за собирање и третман на отпадните води нема да биде предмет на надворешна поддршка, и комуналните претпријатија ќе треба да бидат во состојба да генерираат приходи за покривање на овие трошоци.
Законот за води предвидува усогласување со транспонираните барања на ЕУ до 2030 година. Поддршката е преку Министерството за животна средина и просторно планирање, преку финансирање од ЕУ ИПА, за реформи во секторот води. Реформскиот процес започна во 2013 година со проект финансиран од ЕУ „Развој на национална студија за водни тарифи“. Еден од главните проблеми во секторот е фактот што, и покрај тоа што постои методологија за пресметување на тарифа за вода, поголемиот дел од комуналните претпријатија не ги пресметуваат нивните цени врз основа на тарифната методологија, главно поради недостаток на легислатива која ќе направи оваа методологија да стапи на сила. Наместо тоа, се практикуваат широко прифатени компромиси за утврдување на цените, резултирајќи со слаби резултати на водостопанските претпријатија и недостаток за покривање на трошоците. Функционирањето на давателите на водни услуги не се базира на економски принципи резултирајќи со тарифи кои не ги покриваат сите трошоци, особено во однос на собирање на отпадните води и нивно прочистување. Како водоводните компании можат да одржат добро ниво на услуги и да инвестираат во подобрување на системите ако приходот од надоместоците не е доволен? Тарифите треба да се базираат врз основа на финансиските и економските услови, а не да се користат како политички инструмент.
Развиен е Акциски план за дефинирање на следни чекори во процесот на реформи. Акцискиот план предвидува:
- Донесување нов закон за утврдување на цените за вода (кој е веќе донесен во јануари 2016 година).
- Воспоставување на регулатор во постојната Регулаторна комисија за енергија (2016) и јакнење на капацитетите на давателите на водни услуги во текот на 2016 година, вклучувајќи и изготвување на процедури, насочување, бизнис планирање и планирање за приспособување на тарифите.
- Воведување нова тарифна методологија од страна на Регулаторот (2016-2017) земајќи го предвид нивото на достапност и првиот регулаторен процесен циклус (поднесување план за тарифно приспособување и барање за одобрение на тарифи) во текот на 2017 година.
- Новите тарифи стапуваат на сила: на 1 јануари 2018 година за областите со повеќе од 10000 жители (~ 90% од населението); на 1 јануари 2019 година за области со помалку од 10000 жители (~ 10% од населението).
Предложената реформа е базирана на најдобрите искуства и практики од ЕУ земјите, со соодветно приспособување на националниот контекст. Активно вклучување на избраните водоводни претпријатија и други релевантни институции ќе обезбеди дека резултатите и структурите се одржливи – односно веродостојни, реални и одговараат на локалните услови, ресурси и можности.
Спроведувањето на реформите во овој сектор се очекува да резултира со:
- На национално ниво: одржливост на инвестициите во секторот за вода, кои овозможуваат да се генерираат доволно приходи за финансирање на државните обврски (8 милиони евра годишно).
- На локално ниво: да се обезбеди прилив на приходи кои можат да ги покријат трошоците за работење, одржување и амортизација и, каде што достапноста дозволува, отплата на кредити (главно за големите градови).
МЖСПП, со поддршка на ЕУ, во 2016 година започна со имплементација на три проекти со цел да се зголеми капацитетот на сите засегнати страни кои се вклучени во секторот за вода (вкл. Давателите на услуги за вода и регулаторот) за задоволување на новите барања: 1) „Реформи во системот за водоснабдување, собирање и третман на локално ниво“, спроведуван од Ептиса; 2) „Развој на Националната студија за води“, имплементиран од страна на Ептиса, проект кој треба да развие пакет на инструменти за идниот развој на одржливи инвестициски проекти за вода, со цел да се имплементираат барањата на Директивата за урбани отпадни води и Директивата за вода за пиење, и да се подготви Владата на Република Македонија за процесот на преговори со ЕУ за овој сектор; 3) „Реформи на централно ниво“, спроведуван од Niras, проект кој треба да го зголеми капацитетот на регулаторот.
Проектот „Реформи во системот за водоснабдување, собирање и третман на локално ниво“ ги поддржува националните власти, градот Скопје и општините Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Кичево, Берово и Куманово, во реформирањето на даватели на услуги кон ефективно и ефикасно управување на снабдувањето со вода, собирање на отпадните води и прочистување. За повеќето јавни комунални претпријатија ова е голем предизвик. Затоа, потребни се реформи за поддршка на подобрувањето на финансиската и оперативната ефикасност, и да се осигура дека ЈКП се во можност истовремено да ја одржуваат постојната мрежа и да ги имплементираат и одржуваат новите инвестиции кои се потребни за усогласување.
Јавните комунални претпријатија во моментов функционираат со ниско ниво на ефикасност. Реформите ќе водат кон поголема ефикасност, особено во однос на:
- намалување на не-приходата вода;
- подобрување на стапката на наплата;
- одржување на трошоците за инфраструктурата за оптимално ниво;
- намалување на трошоците поврзани со човечки ресурси како процент од вкупните трошоци;
- задржување на достапните тарифи;
- мотивирање на ефикасно користење и намалување на загадувањето.
Сите три проекти се дизајнирани со цел да донесат значителни промени во начинот на кој давателите на водни услуги работат и придонесуваат за подигање на јавната свест, перцепција, став и волја да се плати за подобрувања. Јасно е дека управувањето со водите во земјата минува низ фундаментална промена. Вклученоста на сите институции, даватели на услуги за вода и јавноста е од клучно значење за постигнување на целите. Трите проекти ќе работат заедно за да обезбедат основа за постојан дијалог меѓу властите и јавноста.
Повеќе детали се достапни на: http://www.vodamk.mk/
Проектите се финансирани од Европската Унија
„Реформи на системот за водоснабдување, собирање и пречистување на урбаните отпадни води на локално ниво“
Проектите се имплементирани од Ептиса