Над 2.500 барања за надоместувањето на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата се испратени до Министерството за економија. Огласот беше објавен на 24 јануари 2014 година, а краен рок за доставување на барањата беше 31 мај 2014 година. Од Министерството посочуваат дека ќе бидат земени предвид и сите барања кои ќе пристигнат во наредните денови, а се испратени по пошта до крајниот рок за аплицирање. Целта на оваа мерка, за која се предвидени шест милиони денари, е стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Поднесени над 2.500 апликации за субвенции за соларни колектори