Насловна / Вести / Подна плочка која прифаќа вишок вода

Подна плочка која прифаќа вишок вода

Климата се менува, врнежите се зголемуваат. Каде оди оваа вода? Климатската плочка треба да одговори на овој проблем. Ова е пилот проект поддржан од фирмите THIRD NATUREIBF i ACO Nordic  кој веќе е реализиран во една област во Копенхаген покрај пешачка патека долга 50 метри.

Climate-Tile-03-782x1043

Овој посебен вид на поплочување, кој изгледа убаво, е дизајниран за густо населените градови со цел да се прифати вишокот на вода преку посебен систем за одводнување кој се наоѓа под перфорирана плочка.

Поплочувањето со климатската плочка воведува природен процес со кој дождовницата низ едноставен процес од покривите и тротоарите се насочува на вистинското место односно за наводнување на растенијата и во резервоари за складирање. Плочите се со дупки и преку нив водата може да помине која понатаму се прифаќа од системот за одвод.

Climate-Tile-05-782x489

Со овој систем може да се соберат и да се насочат до 30 отсто од дополнителната дождовница која ќе биде предизвикана од климатските промени и со тоа да се спречи преоптоварување во рамките на постојните каналски мрежи во градовите.

Climate-Tile-02-782x518

Климатската плочка е интересен систем за поплочување што, за разлика од стандардните решенија, може да прифати вода. Недостаток е што тој бара посебен систем за дренажа и одводнување и што не е јасно што ќе се случи кога дупките во плочите ќе се затнат.

Climate-Tile-04-782x521

Испрати коментар

Scroll To Top