Насловна / Вести / Подморница во форма на ајкула со брзина на глисер (ВИДЕО)

Подморница во форма на ајкула со брзина на глисер (ВИДЕО)

Дизајнерите ја нарекоа „Jet Shark“, може да „плива“ и на вода и под вода со неверојатна брзина бидејќи има многу моќен „V8“ мотор. На брановите оваа подморница достигнува брзина од 80 километри на час.

Роб Инес и Ден Пјаче конструирале подморница за адреналински авантури, во неа покрај пилотот може да се сместат тројца патници, а кабината е пространа и климатизирана со удобни кожни седишта.

а2

Подморницата – ајкула може да нурне до два метра, да се врти по брановите, дури и да се навалува на сите четири страни, а одлична е и за мирно пловење. Сето ова благодарение на моторот Kodiak Marine V-8, кој е сличен на моторот Chevy Corvette.

„Jet Shark“ има две мали пераи на средината и две на задниот дел на пловилото, со што се добива впечаток дека се лизга низ водата.

Компанијата ќе почне да прима нарачки во текот на годината бидејќи се е подготвено за производство на оваа необична подморница.

а1

а3

Испрати коментар

Scroll To Top