Од аспект на поплави и други временски непогоди, оваа подлога наречена „Топ микс пермеабл“ (Top Mix Permeable) може да биде добро решение, бидејќи може да впива до четири илјади литри вода за само една минута.
Оваа „жедна“ подлога е производ на компанијата „Тармак“ и може да претставува алтернативна замена за бетонот која ја насочува водата и ја впива моментално.
Неверојатно е да се види како четири илјади литри вода што се истураат се впиваат за 60 секунди од оваа подлога.