Теренот на подрачјето на Виенскиот аеродром кој мора постојано да биде исчистен од снег и мраз, изнесува 2,5 милиони квадратни метри и одговара на површина од 350 фудбалски терени.
Во ваков случај, стандардното чистење на пистата ангажира 15 возила и трае 25 минути. Зимската служба на Виенскиот аеродром има 360 работници, кои с едостапни 24 часа дневно, како и 70 специјални возила. Интересно е дека подготовките за наредната зимска сезона, започнуваат веќе со завршувањето на тековната. Во летните месеци се работи на подобрување на процедурите, се спроведуваат обуки за вработените, и се работи на сервисирање на возниот парк и опремата. Дополнително, преку четири големи ноќни вежби се тестира оперативноста на зимската служба.
Посебен предизвик претставува одмрзнувањето на авионите. Создавањето на мраз на крилата и трупот на авионот може да доведе до сериозни па и фатални последици. Виенскиот аеродром за оваа намена користи средство кое е во целост биолошки разградливо и се транспортира и чува преку подземна инсталација.