Насловна / Вести / Подготовка на градината во пресрет на пролетта

Подготовка на градината во пресрет на пролетта

Пред почетокот на пролетта, потребно е големо внимание да се посвети на подготовка на градината за почеток на вегетативниот период. Во тој поглед треба да се посвети внимание на обработка на почвата, чистење на органскиот и неорганскиот отпад, садење на луковичести растенија доколку временските услови се поволни, подготовка и репарација на тревниците, кроење на проблематичните, несаканите и оштетените гранки од дрвјата, кроење на оштетените делови од грмушките од зимските ниски температури.13

Почвата е од суштинско значење во поглед на обезбедување оптимална влага, воздух и хранливи состојки на растенијата. Добро подготвена земја пред почетокот на пролетта дава гаранција за одлични резултати во текот на целата сезона. Горниот слој на почвата е богат со хранливи материи од органско потекло кои се распаѓаат со текот на времето, па затоа е потребно да се обработи на одредена длабочина за да се збогати хранливата вредност во нејзините подолни слоеви. Освен збогатување со хранливи материи се подобрува и капиларниот систем како и воздушниот режим на поголема длабочина. Со обработка на почвата, исто така, се отстрануваат остатоци од плевели.Amending Garden Soil Perfect Amending Clay Soil Atlantic Avenue

Периодот пред почеток на пролетта е совршен за набавка и садење на луковичести растенија. Со добра подготовка може да се направи одличен цветен арамнжман од цветни видови како зумбули, нарциси, лалиња, гладиоли и слично.15

Расчистување на  деловите каде што има насадено цветни аранжмани од целокупниот органски и неоргански отпад кој се собрал преку зимата. Ова е од витално значење од причина што при распаѓање на органскиот отпад се создава голема топлина, што е поволна средина за формирање на габични и бактериски инфекции. Ѓубрењето во овој период не е исклучено, по можност ѓубривото да е од органско потекло во форма на добро прегорен стерилизиран компост. Во тој случај би имал двојна функција, покрај прихрана на растенијата, би послужил и како материјал за мулчирање, односно прекривање на земјата со органски отпад.Susan Weigel

Во овој период е поволно да се направи кроење на оштетените делови и несаканите гранки од дрвјата. Обликувањето на декоративните грмушки, исто така треба да се направи во овој перидот, особено кај оние видови кои први процветуваат на почетокот на пролетта, како што се форзиција, јапонска дуња, вигела и други. При нивно кроење треба да се постапи стручно за да не се искројат сите пупки па цветањето да отсустува во тековната сезона.12

Чистењето на тревниците и репарација на оштетените делови од ниските температури е многу поволно пред почетокот на сезоната, со цел подобрување на бујноста и квалитетот на тревникот во текот на сезоната. Покрај чистењето, пожелно е и прихрана со азотни ѓубрива.Outdoor gardening tools on old wood table мулчирање шафран

Шафран

 

Испрати коментар

Scroll To Top