Европската агенција за животна средина (European Environmental Agency – EEA) неодамна го објави Извештајот „Бучавата во животната средина во Европа – 2020“, кој претставува сеопфатен преглед и анализа на бучавата во животната средина во Европа, преглед на преземените мерки во насока на управување и намалување на бучавата во животната средина и преглед на исполнетите обврски утврдени со Директивата за проценка и управување со бучавата. Извештајот опфаќа 32 земји членки и шест земји соработнички на Европската агенција за животна средина. Во него се истакнува дека Црна Гора е единствената земја од регионот на Западен Балкан која има изработено Стратешка мапа на бучавата за главниот град Подгорица. Подгорица уште во септември 2018 година ја има усвоено Стратешката мапа за бучава, со цел добивање податоци за нивоата на бучава, надминувањето на пропишаните гранични вредности, како и бројот на луѓе изложени на бучава во одредено подрачје.