Со низа културни настани на повеќе локации во градот Министерството за култура, со проектот „Скопје во пет и седунаесет“ ја одбележа 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.
Во рамките на манифестацијата во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје вчера се отвори дигиталната изложба на Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“ преку фотообјективот на Киро Георгиевски, кој бил вработен во Градското собрание во 50-тите години на 20. век.
Видеоматеријалот содржи над 300 фотографии и документи за денот на земјотресот и за сите случувања до крајот на годината – доаѓањето на армијата, обновата на градот со донации од југословенските републики и од целиот свет, деновите на солидарноста и сите официјални посети на државни претставници.
фото: КИРО ПОПОВ