Насловна / Вести / Подем на адитивното производство во време на криза: 3D печатените вентили спасуваат животи во болницата во Бреша

Подем на адитивното производство во време на криза: 3D печатените вентили спасуваат животи во болницата во Бреша

Кога синџирите за снабдување доживуваат крах во време на пандемија, животите на заболените се во уште поголема опасност. Но, новата технологија на адитивно производство (additive manufacturing), преку техниката на 3D печатење е во спасувачка мисија. Имено, болницата во Бреша во северна Италија, еден од најтешко погодените региони од корона вирусот, се соочила со недостаток од вентили кои се заменуваат на машините за механичка вентилација. Снабдувачот не можел да одговори во рокот поради познатите причини. Но, локалната компанија за 3D технологии за кратко време го репроектирала овој дел и ги произвела потребните парчиња на 3D печатач за само неколку часа. Компанијата Isinnova сега има поставено своја опрема во самата болница и работи според потребите на истата. До вечерта на 14-ти март, болницата потврдила дека 10 животи се спасени благодарение на брзата реакција на оваа компанија. Оваа технологија веќе неколку години не е никаква новост, но нејзиното вистинско значење во брзината на производство и исполнување на специфичните барања на производот, во целост доаѓаат до израз во вакво време на криза со пресечени класични синџири на снабдување.

valves1

valves2

valves3

Испрати коментар

Scroll To Top