Европските производители на опрема за термоцентрали на јаглен треба да добијат финанскиска помош за извоз на опремата, стои во најновите заклучоци на Европската комисија. Ваквиот став претставува голем предизвик за опонентите што се противат на какви било субвенции за јагленот. Јагленот се смета за „највалкано“ гориво, кое при своето согорување емитува два пати повеќе јаглерод диоксид од гасот. Поради тоа ЕУ планира до 2018 година да ја укине поддршката за домашно производство на електрична енергија од јаглен. Индустријата за јаглен во Европа вработува околу 100.000 луѓе, и учествува со 2,5% во светското производство на јаглен.